За ИМКА Битола

ИМКА Битола е непрофитна, невладина, нерелигиозна инклузивна младинска асоцијација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина и активно работи со нив во нашата средина. ИМКА Битола е дел од семејството на ИМКА распространето во 125 земји ширум светот со повеќе од 45 милиони членови. ИМКА Битола е основана во мај 2002ра.

Главна цел на Здружението е  да развива активности и можности во сферата на културата, уметноста, неформалното образование, промовирањето на здрави животни навики и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе.

ВИЗИЈА: ИМКА Битола е почитувана локална организација која нуди можности кои ги оспособуваат младите луѓе да одговорат на предизвиците на постојано променливата иднина со поголема храброст, мудрост и љубов.
 
МИСИЈА: ИМКА Битола работи со младите луѓе на нивниот личен телесен, умствен и духовен развој преку нудење на можности за негување одговорност, поттикнување креативност и славење на разноликоста на целата Божја креација.
 
MOTO: Ги оспособуваме младите!

ВРЕДНОСТИ кои ги негуваме и поттикнуваме: Храброст - Одговорност - Почит - Креативност - Грижа

Структура на организацијата.

Во ИМКА Битола добредојдени се сите луѓе, со акцент на младите.

Полиња на кои работиме се: култура и уметност, социјални и едукативни активности, здрави животни навики, граѓанско општество и човекови права. Активностите ги реализираме во форми на: обуки, семинари, работилници, кампови, фестивали, меѓународни студиски посети и други активности. Работиме на локално но и на меѓународно ниво. Мултимедиски производи од нашите активности се: документарни филмови, кратки видеа, стрипови и промотивни материјали. Погледнете ги нашите активности тука.
 


 

ИМКА на Балканот

Според некои извори ИМКА постоеше во Македонија во крајот на 19 и почетокот на 20 век (под влијание на Американски мисионери на Балканот). Нејзината работа во тој период беше фокусирана на заштитата на човековите права на луѓето во Отоманската Империја.

После втората светска војна имаше период на неприфаќање и истребување на ИМКА во југо-источна Европа. После 1989 ИМКА отпочна одново да се обновува.

 

ИМКА во Македонија

Во Македонија првата локална ИМКА беше оформена во 1999 во Скопје. Денес во Македонија има две локални ИМКА асоцијации и тоа во Скопје и во Битола кој се обединети во ИМКА Македонија.

ИМКА Македонија има повеќе од 250 членови.