Библиотека

Стратегија за Соработка на Општина Битола со Граѓанскиот Сектор 2012- 2015

Граѓанските организации во Битола многупати во изминатиот период ја потврдиле својата посветеност на пресретнување на потребите на граѓаните преку бројни активности од различни области...Тргнувајќи од овие факти, општина Битола одлучи да ја унапреди соработката со граѓанските организации и да придонесе кон нивни постојан развој, а со цел да се придонесе кон зголемени граѓански иницијативи и развиена локална заедница од секој аспект...

Стратегијата е усвоена од страна на Советот на Општината Битола на седницата одржана на 22 декември 2011 г.

Мониторинг инвештај за Конвенцијата на Правата на Децата во Македонија

Проект „Имплементација на Конвенцијата за Правата на Детето во Република Македонија“.

Спроведување на правото на учество на децата во донесувањето одлуки во училиштата и локалните заедници.

Извештај од спроведениот мониторинг на Конвенцијата за Правата на Детето во Република Македонија, членови 12,13,14,15.

Фокусиран извештај за во Битола.


Истражување за детски правобранител и процеси на избори во училиштата

Ова е деталната анализа за спроведувањето на детските права во Македонија во 2009 год. со фокус на правото на учество, на здружување и на образование. Во прилог ќе ги најдите и анализите кои Коалицијата на младински организации СЕГА ги спроведе на крајот на 2010 год.

За преземање на Анализата за дете правобранител на ниво на Македонија кликни овде, а за анализата на ниво на Битола кликни овде. За преземање на Анализата за процеси на избори во училиштата на ниво на Македонија кликни овде, а за анализата на ниво на Битола кликни овде.


Форум на Здруженија на Граѓани од Битола

Форумот на Здруженија на Граѓани работи на јакнење капацитетите на здруженијата на граѓани од Битола преку промовирање на работни програми, застапување и заштита на правата иинтересите на членките на Форумот и соработка со институции на локално, регионално и национално ниво.

Во прилог разгледајте дел од активностите на граѓанските здруженија од Битола.


Анализа на младинските потреби и младинското организирање во Македонија

Истражувањето на младинските потреби и младинското организирање во Македонија имаше општа цел да ги испита состојбите во младинскиот сектор и ги регистрира евентуалните подобрувања или пак падови во однос на младинските потреби и младинското организирање.


Годишен Извештај 2010

Годишниот Извештај за 2010та е готов!

Во основа и тука можете да ги разгледате најзначајните активности за 2010та, презентирани на едноставен начин без премногу замарање со детали.

Исто така овде е посветено и внимание на визуелниот приказ исто така.

Погледнете ги нашите активности во 2010та.


Самоперцепција на Граѓанското Општество

Ова публикација е резултат од истражувањето кое го спроведе и објави МЦМС во 2010.

Ова истражување опфати 161 граѓански органзиации од Македонија.

МЦМС спроведува истражувања на редовна основа со цел да добиеме мерливи и споредливи резултати кои ќе можеме да ги користиме во нашето работење.


Довербата во Граѓанското Опшетство

Ова публикација е резултат од истражувањето кое го спроведе и објави МЦМС во 2010.

Ова истражување опфати повеќе целни групи како што се институциите, државниот сектор, деловниот сектор, граѓанските органзиации, политичките партии и сл.

МЦМС спроведува истражувања на редовна основа со цел да добиеме мерливи и споредливи резултати кои ќе можеме да ги користиме во нашето работење.


Општествената одговорност на граѓаните

Ова публикација е резултат од истражувањето кое го спроведе МЦМС и објави во 2011.

Ова истражување се однесува на општествената одговорност на граѓаните и МЦМС истото го мери и споредува во континуитет.

МЦМС спроведува истражувања на редовна основа со цел да добиеме мерливи и споредливи резултати кои ќе можеме да ги користиме во нашето работење.


Програмски водич за „Млади во Акција“ 2012

Програмата „Млади во Акција“ е програма на ЕУ за сите млади луѓе. Програмата цели кон мобилизирање на потенцијалот на младите од Европа и поттикнување на нивниот активизам, солидарност и толеранција преку поддршка на многу типови на младински проекти и активности. Крајната цел е да се понуди на се поголем број на млади луѓе да се вклучат во високо квалитетни искуства од областа на неформалното образование.

„Млади во Акција“ е и за тебе: Вклучи се!


Стратешки План 2010 - 2013

Задоволство ни е да го споделиме со вас првиот Стратешки План на ИМКА Битола направен за периодот 2010-2013.

Го насловивме „Ја Создаваме Иднината“ бидејќи за прв пат од нашето формирање сме силно посветени на иднината. До сега бевме насочени само на минатото и го елабориравме во квартални билтени и годишни извештаи. Сега, за прв пат нашите погледи се насочени кон иднината дизајнирајќи ги активностите на ИМКА Битола во согласност со потребите на нашата заедница каде што припаѓаме.

Ве покануваме сите да ни се придружите во наредниот период во поставувањето на стабилна основа и ајде да ја создадеме иднината заедно!


Прирачник за идентитетот на ИМКА Битола

Вредности:

Храброст - Одговорност - Почит - Креативност - Грижа


Брошура со програми

„Дваесет години од сега ќе бидеш многу поразочаран од нештата што не си ги направил отколку од нештата што си ги направил. Затоа отфрли ја здрвеноста. Напушти го сигурното пристаниште. Насочи го правецот на ветриштата на твоите едра. Истражувај. Сонувај. Откривај“.

Марк Твен


Ационен План за Имплементација на Националната Стратегија за Млади

Целта на Акциониот План за имплементација на Националната Стратегија за Млади е да обезбеди систематско, фокусирано и сеопфатно делување на актерите во младинската сфера во Р.Македонија. Во рамки на Акциониот План опфатени се четирите сегменти (како што се дефинирани во Националната Стратегија за Млади) или осум приоритетни области и тоа: образование, младинско самовработување, квалитет на живеење, здравство и превенција, култура, младинско информирање, локална младинска работа и младинска партиципација.

Планот е наменет како за Владата на Р.Македонија така и за сите останати чинители кои се опфатени со деталните Акциони планови (младински организации, организации кои работат на родови прашања, министерства, агенции и сл.) и потенцијалните донатори за кои овој план се вклопува во нивните оперативни активности. Одговорен субјект за спроведување на планот е Агенцијата за Млади и Спорт.


Национална Стратегија за Млади на Р.Македонија

Младите луѓе се способни да превземаат одговорност за сопствениот живот и да решаваат за сите прашања кои ги засегаат, на сите нивоа. Развојот и јакнењето на  цивилното  општество,  волонтерските  и  општествените  здруженија  се неопходен  чекор  во  промоцијата  на  одговорно  граѓанство  и  гаранција  за демократијата.  На  оваа  способност треба  да  и  се  дозволи  вистинската  изразна форма,  во  која  младинските  здруженија,  како  и  активностите  кои  тие  ги превземаат ја имаат централната улога.


Водич за примена на законот за волонтерство

Подготовката на овој водич има за цел на сегашните и на идните волонтери и организатори на волонтерската активност да им ја објасни содржината на Законот, да се даде одговор на најчесто поставуваните прашања во врска со досегашната примена на Законот,  разјаснувања на одредени дилеми, а со тоа да се помогне во спроведувањето на Законот и тој да го поттикне и препознае волонтерството во Република Македонија.


Давање и примање на донации и спонзорства

Ова е официјалниот прирачник изработен од Управата за Јавни Приходи на Р.Македонија кој е наменет за сите оние кои сакаат да ги користат можностите кои ги дава законот за донации и спонзорства на Р.Македонија.

Во прирачникот детално се објаснети постапките со поткрепа од релевантни примери и визуелен приказ.


Закон за Здруженија и Фондации 2010

Со овој закон се уредуваат начинот, условите и постапката за основање, регистрација и престанок на здруженијата, фондациите, сојузите, организационите облици на странските органзиации во Република Македонија, имотот со кој располагаат, надзорот, статусните промени и статусот на организациите од јавен интерес.


Закон за Волонтерство 2007

Со овој закон се уредува волонтерството, условите и начинот на вршење на волонтерството, правата и обврските на волонтерите и организаторот на волонтерството, договорот за волонтерството и евиденцијата на волонтерската работа.


Закон за Донации и Спонзорства во јавните дејности 2008

Со овој закон се уредуваат давањето и примањето на донациите и спонзорствата со кои давателот и примателот можат да бараат даночни поттикнувања, целта на давањето и примањето, давателите и примателите, предметот, користењето, даночните поттикнувања и евидентирањето и контролата на донациите и спонзорствата во јавните дејности.


Статут на ИМКА Битола

ИМКА Битола е здружение на граѓани кое се основа со слободно здружување заради остварување и заштита на заеднички и општи интереси т.е. заради остварување на активности со цел изградба на праведно човечко општество кое се базира на љубов, мир и толеранција помеѓу луѓето преку почитување на културните разлики и изградба на меѓучовечки односи кои се одликуваат со љубов, разбирање и солидарност со сите луѓе.

Главна цел на здружението е да развива активности и можности во сферата на културата, уметноста, неформалното образование, промовирањето на здрави животни навики и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе.


Годишен Извештај 2009

Годишниот Извештај за 2009та е концептуално малку поразличен.

Едноставноста е главна одлика на овај извештај.

Во основа и тука можете да ги разгледате најзначајните активности за 2009та, но начинот на кој тоа е презентирано е малку поразличен.

Исто така овде е посветено и внимание на визуелниот приказ исто така.

Погледнете ги нашите активности во 2009та.


Годишен Извештај 2008

„Оваа година се обидовме да го направиме овој Годишен Извештај не само обична годишна публикација, но во исто време да служи и како алатка за инспирација и мотивација. Ние ви ја доближивме 2008ма на многу видлив начин преку неколку медиуми: филмови, видеа, стрипови, изведби и фотографии.“

Доколку сакате да ги прочитате извештаите и погледнете слики од активностите во 2008ма, тогаш погледнете го овој Годишен Извештај.


Годишен Извештај 2007

Годишниот Извештај за 2007 започнува „Веруваме дека овој годишен извештај ќе ви биде пријатен за читање, но исто така веруваме дека ќе ви ја разбуди вашата креативна енергија и ентузијазам во ВАС за да продолжите по нашиот заеднички пат - служење на заедницата, промовирање и застапување на вистинските вредности“.

Доколку сакате да ги прочитате извештаите и погледнете слики од активностите во 2007ма, тогаш погледнете го овој Годишен Извештај.


Годишен Извештај 2006

2006та година е зад нас. Време е за споделување на информации со сите оние кои се заинтересирани за нашите активности. Ова е првиот формален Годишен Извештај и ...

 

Доколку сакате да ги прочитате извештаите и погледнете слики од активностите во 2006та, тогаш погледнете го овој Годишен Извештај.


ИМКА Битола 2002 - 2005

Погледнете го извештајот за активностите за периодот 2002-2005 година.

Тука можете да ги видете најзначајните активности на ИМКА Битола во овој период.

Овај е првиот обид за транспарентно известување на јавноста преку нашата прва веб страна.

Од 2006та ние почнавме да издаваме годишни извештаи на редовна основа.