Вклучи се!
Преземи инцијатива!
Волонтер е физичко лице кое дава услуги, вештини и знаења во корист на други лица, органи, организации и други институции, на доброволна основа и без финансиска или друга лична добивка.
Закон за волонтерство на Р.Македонија
Зошто да се придружам? Како да се вклучам?
Затоа што сакате да им помогнете на другите и затоа што добрината е потребна насекаде! Милиони луѓе во светот волонтираат во нивните средини, во граѓанските организации и во институциите, со желба да придонесат кон доброто на сите, за подобро општество и за поквалитетен живот.
Граѓанските организации имаат потреба од волонтери кои ќе се вклучат во нивната работа да ги реализираат нивните активности и помогнат да ги остварат нивните цели. Со волонтерската работа можете да придонесете на многу начини, како на пример во заштитата на животната средина, заштита на човечките права, едукацијата на младите, етаблирањето и промовирање на позитивни вредности во општеството и др. Граѓанските организации нудат можност за стекнување на практично искуство како надополнување на теоретското знаење.
Можности во ИМКА Битола
Волонтирањето е најчестиот начин за заинтересираните да се вклучат во ИМКА Битола. Со цел да се направи нивниот волонтерски ангажман во активностите на ИМКА Битола полесен и поуспешен нудиме обуки и активности во кои може да се вклучат, како и можности да преземат лидерска позиција во овие активности.
Постојат повеќе начини да се вклучите во активностите на ИМКА Битола: преку вклучување во некоја од постоечките програми (уметност и култура, тренинзи, промовирање на здрави животни навики, граѓанско општество), земање на учество во конкретен настан или помагање во администрацијата на организацијата. Во зависност од интересот и квалификациите на волонтерите, како и од потребите на програмите и проектите, работиме заедно да пронајдеме област и активности каде ќе се ангажира волонтерот со цел постигнување негов личен успех, како и успех на организацијата. Времетраењето на волонтирањето зависи од достапноста на самиот волонтер и може да варира од една недела до неколку месеци.
ИМКА Битола исто така прифаќа волонтери од Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС) и Мировниот Корпус, што им нуди можност на локалните волонтери да работат во интернационална и интеркултурна средина. ИМКА Битола исто така ви нуди можност да бидете ЕВС волонтер и помагате во организацијаво друга Европска држава со покриени трошоци.
Пријави се!
За да волонтирате во ИМКА Битола пратете ни пополнета пристапница за членство и е-маил со интерес за волонтирање во ИМКА Битола на: contact@ymcabitola.org.mk а ние во најбрз можен рок ќе ви одговориме.
Преземи пристапница за членство во ИМКА Битола.


