Волонтирај!
Ајде Македонија!
Те покануваме да се вклучиш во акцијата за расчистување на дивите депонии и отпадните локации, како и за подигање на свеста за правилно третирање на отпадот во Република Македонија. Оваа глобална акција ќе се одржи во околу 100 земји ширум светот во текот на 2012 година. Намерата е да се поттикне активирање на јавноста на Република Македонија за лоцирање и чистење на расфрланиот комунален отпад, едукација за правилното отстранување, како и за штетите предизвикани од непланското фрлање отпад. Крајната цел е да се пронајдат одржливи решенија за придонесување кон чиста животна средина. Проектот вклучува комбинација на акции за лоцирање на отпадните микро-точки, акции за чистење на околината и образовни програми за развој на свеста за позитивните практики на управување со разни видови отпад. Една од централните активности што се планираат годинава е организација на НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ЧИСТЕЊЕ, кој ќе се одржи на 6 октомври 2012 година на територијата на цела Република Македонија. За Планетата Земја! За Себе! ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ! Повеќе на: http://ajdemakedonija.mk/
Кампања „Право на Младинско Информирање - Отворено Прашај“
Кампањата има за цел да им го доближи на младите луѓе, донесувачите на одлуки и медиумите правото да прашуваат и да добиваат информации.
Оваа кампања е иницирана од ERYICA (Европска Агенција за Младинско Информирање и Советување) во соработка со Советот на Европа и ќе се спроведува во Европа во текот на целата година во неколку клучни датуми. Во Македонија Коалицијата на младински организации СЕГА во неколку градови низ државава ќе организира активности.
Во Битола активностите ќе бидат спроведени од ИМКА Битола во координација со Форум на Млади.
17 Април во 15.00 часот се случи прием кај Претседателот на Општина Битола на 60 активни млади во полето на младинско претставување од основните и средни училишта.
Повеќе на официјалната веб страна на кампањата:
http://www.informationrightnow.eu/
Волонтирај ЕВС во Европа!
Волонтирајте во некоја од Европските земји во 2011. Со ЕВС сега имате шанса да ја видите Европа како никогаш досега! Користете ги Вашите шанси!
Немаш CV или мотивационо писмо? Пополни го следниот формулар со сите потребни информации и аплицирај веднаш!
Моментална понуда на слободни ЕВС позиции. Понудата неделно се обновува со нови информации.
Следете не и на фан страната на Фејсбук.
Волонтирај во ИМКА Битола
Моментални отворени позиции за волонтери во ИМКА Битола се:
- Графички дизајнер на материјалите кои ИМКА Битола ги издава (информатор, годишен извештај и др.материјали, постери, стрипови и сл.)
- Видео едитор - снимање и монтирање на видеа
- Преведувач англиско/македонски и обратно
- Истражувач на тема расположливите ресурси достапни за граѓанскиот сектор во Македонија
НАПОМЕНА: Не очекуваме професионализам, туку ентузијазам и добра волја!
Летни кампови во Америка!
Доколку сакате да одите на камп, работите со деца, усовршите англискиот јазик и имате прекрасно лето, тогаш ви ја препорачуваме ICCP програмата во САД Погледнете го промотивното видео за оваа програма. Секоја година во Октомври почнува процесот на регрутација за инструктори на кампови кои одат на различни детски летни кампови во траење од 10 месеци.
За информации посетете не лично во отворените саати истакнати погоре или пак он-лајн на скајп на ymca.bitola. Следете не и на фан страната на Фејсбук.


