Кампови

Младински Лидерски Камп

Приказната за овој камп почнува во 2007ма година кога се организира првиот ваков камп. Од тогаш секое лето се организираат вакви лидерски кампови. Оваа година ИМКА Битола заедно со волонтерите на Мировниот Корпус и останати партнерски организации го организираат овогодинешното издание на кампот. На кампот ќе земат учество 60 деца од различна националност и вера од целата држава. Кампот ќе се одржи од 28ми Јуни до 4ти Јули оваа година.

Доколку сакате да донзаете нешто повеќе за кампот посетете ја веб страната на кампот.

Доколку пак сакате да го помогнете со лична донација тоа можете да го направите тука.

Краен рок за пријавување е 18ти Мај 2012!


Летни кампови во Америка!

Доколку сакате да одите на камп, работите со деца, усовршите англискиот јазик и имате прекрасно лето, тогаш ви ја препорачуваме ICCP програмата во САД Погледнете го промотивното видео за оваа програма. Секоја година во Октомври почнува процесот на регрутација за инструктори на кампови кои одат на различни детски летни кампови во траење од 10 месеци.

За информации посетете не лично во отворените саати истакнати погоре или пак он-лајн на скајп на ymca.bitola. Следете не и на фан страната на Фејсбук.


Фестивал на ИМКА во Прага 2013

„Љуби за да Живееш“ Фестивалот ќе обезбеди единствена можност за 10.000 млади луѓе од цела Европа и светот да се здружат за да го прослават животот,  прославуваат културите, разновидноста и слават се она што ги инспирира да бидат млади во Европа и пошироко во светот. Погледнете го видеото и повеќе инфо на: www.yefestival.com