И-Тренинг
Младински Лидерски Камп
Приказната за овој камп почнува во 2007ма година кога се организира првиот ваков камп. Од тогаш секое лето се организираат вакви лидерски кампови. Оваа година ИМКА Битола заедно со волонтерите на Мировниот Корпус и останати партнерски организации го организираат овогодинешното издание на кампот. На кампот ќе земат учество 60 деца од различна националност и вера од целата држава. Кампот ќе се одржи од 28ми Јуни до 4ти Јули оваа година.
Доколку сакате да донзаете нешто повеќе за кампот посетете ја веб страната на кампот.
Доколку пак сакате да го помогнете со лична донација тоа можете да го направите тука.
Краен рок за пријавување е 18ти Мај 2012!
Работа на Буџети
Организираме две едночасовни обуки кои ќе бидат водени од волонтер од Мировниот Kорпус и сметководител Ден Поликов. Настанот ќе се случи на 14 мај во Американското катче.
YES Семинар 2012
Целта на YES (подмладокот на ИМКА Европа) е да се донесе целиот спектар на мислења од младите од цела Европа на местото каде што одлуките за ИМКА Европа се носат. Овој семинар се вклопува во Генералното Собрание на ИМКА Европа кое ќе се одржи на истата локација.
Детали за настанот има на следниот линк.
Актуелни тренинг обуки!
Напуштете ја дневната монотонија и не останувајте пасивни! Активирајте се! Ние ви нудиме можности за учење, патување, волонтирање и откривање на нови хоризонти! Искористете ги овие можности кои се пред вас, учете, градете го личното резиме, стекнете искуство, растете како личност, преземете си ја иднината во вашите раце!
Во прилог следуваат отворени конкурси за аплицирање на тренинг обуки кои сметаме дека нудат одредени можности и дека ќе ви бидат од корист доколку ги посетите.


