Ги оспособуваме младите!

Отворени часови

Канцеларијата е отворена од Понеделник до Петок 10.30-14.30 часот.
Отворени саати за зачленување, информации за тековни активности се на редовните средби секој Четврток 19.30-21.00 часот.
ЗАБЕЛЕШКА: Поради активности на терен, канцеларијата нема да работи до 18ти Мај!


Младинска Конференција 2012 во Стразбург

Младинската конференција ќе се одржи во Стразбург во периодот 4-8 Октомври.

Краен рок за аплицирање е 30 Мај!

Повеќе детали тука.


Кампања „Право на Младинско Информирање - Отворено Прашај“

Кампањата има за цел да им го доближи на младите луѓе, донесувачите на одлуки и медиумите правото да прашуваат и да добиваат информации.

Оваа кампања е иницирана од ERYICA (Европска Агенција за Младинско Информирање и Советување) во соработка со Советот на Европа и ќе се спроведува во Европа во текот на целата година во неколку клучни датуми. Во Македонија Коалицијата на младински организации СЕГА во неколку градови низ државава ќе организира активности.

Во Битола активностите ќе бидат спроведени од ИМКА Битола во координација со Форум на Млади.

17 Април во 15.00 часот се случи прием кај Претседателот на Општина Битола на 60 активни млади во полето на младинско претставување од основните и средни училишта.

Повеќе на официјалната веб страна на кампањата:
http://www.informationrightnow.eu/


YES Семинар 2012

Целта на YES (подмладокот на ИМКА Европа) е да се донесе целиот спектар на мислења од младите од цела Европа на местото каде што одлуките за ИМКА Европа се носат. Овој семинар се вклопува во Генералното Собрание на ИМКА Европа кое ќе се одржи на истата локација.

Детали за настанот има на следниот линк.


Годишно Собрание на ИМКА Битола

Во мај е предвидено одржување на Годишното Собрание на ИМКА Битола. Наскоро ќе биде објавен и конечниот термин.

Во рамки на собранието е предвидено и обновување на Извршниот Одбор на ИМКА Битола. Детали околу отворениот повик можете да видете тука.


Фестивал на ИМКА во Прага 2013

„Љуби за да Живееш“ Фестивалот ќе обезбеди единствена можност за 10.000 млади луѓе од цела Европа и светот да се здружат за да го прослават животот,  прославуваат културите, разновидноста и слават се она што ги инспирира да бидат млади во Европа и пошироко во светот. Погледнете го видеото и повеќе инфо на: www.yefestival.com