Со ваша поддршка можеме да направиме повеќе!
Донирајте во ИМКА Битола
Донацијата претставува доброволна и безусловна помош во пари, добра или услуги која не создава ниту директна корист за донаторот ниту обврска за враќање од примателот.
Закон за донации и спонзорства на Р.Македонија
Зошто да донирам?
- Ќе помогнете на оние кои имаат потреба од тоа
- Ќе покажете дека се грижите за Битола
- Можете да поттикнете позитивна променаи негувате вредностите кои ги поддржувате
- Можете да остварите одредено даночно олеснување ако донирате во активности од јавен интерес
- Правејќи добро за другите, правите добро за себе!
Зошто да донирам во ИМКА Битола?
- ИМКА Битола не е ад хок организација; постои од 2000та, а регистрирана мај 2002ра.
- ИМКА Битола работи на долгорочни програми, а не само на краткорочни проекти.Ние имаме стратешки план кој ги покажува нашите следни насоки.
- ИМКА Битола е отворена и јавна: он-лајн објавуваме документи, постојано ажурирана веб страница, Фејсбук и сл.
- ИМКА Битола работи транспарентно: секои три месеци вадиме извештај во вид на информатор, секоја година вадиме годишен извештај.
- ИМКА Битола ви нуди избор каде да донирате и која програма сакате да ја поттикнете зависно од вашите потреби и вкусови.
- ИМКА Битола ќе ви издаде писмена потврда за вашата донација. На ваше барање исто така можеме да ви презентираме и документација за користењето на донацијата.
- Затоа што во вашата донација ја поддржува не само нашата локална работа, туку и пошироката средина каде младите од Битола припаѓаат.
- Затоа што во досегашното постоење имаме директно работено и индиректно опфатено илјадници млади. Во 2009 година директно работевме со 250 и индиректно опфативме 3.500 млади луѓе.
- Затоа што вашата поддршка ја гледаме не само како финансиска, туку и како моралнаподдршка.
Како може да донирам?
- Како физичко лице, со еднократна или повеќекратна донација за активностите на ИМКА Битола на износ кој вие ќе го определите на месечно или годишно ниво или пак донирате во услуги или материјални добра.
- Како правно лице, со еднократен или повеќекратна донација за активностите на ИМКА Битола на износ кој вие ќе го определите на месечно или годишно ниво; заедничко партнерство со ИМКА Битола за активности од заеднички интерес; со донација на дел од приходите од продажбата на вашите производи или услуги; со донирање на вашите производи и/или услуги.


