Видеа
Балканскиот ИМКА камп, поставен на 1.500 м надморска висина на планината Вици во северниот дел од Грција повторно ги обедини балканските земји на едно незаборавно дружење и забава. Повторно, околните соседни земји од Балканот имаа разни прилики за покажување на својата единственост преку различните културни игри...
Целиот текст го има во НотифаИ 35!
По повод прославата на денот на волонтирањето во светот неколку младински организации и клубови од Битола се обидоа да ги анимираат младите во Битола на интересен и несекојдневен начин - со флеш моб. Погледнете го ова интересно видео!
Повеќе инфо наскоро во НотифаИ 36!
2 учесници од ИМКА Битола бевме присутни на активностите од програмата за прославата како и на националната средба на ИМКА Бугарија со партнерските организации. Во рамки на програмата се одржаа различни активности со кои се обележа дваесетгодишниот јубилеј. Имаше предвидено свечен прием за партнерите, изложба со дела на деца уметници, социјални активности на плоштадот на градот, концерт со најпознатите локални младински групи и богата програма со фолклор, танцување и рок ен рол. Сето тоа беше одлично надополнување на прославата на волонтерите, персоналот, децата, родителите и сите други кои виделе некаква корист од ИМКА.
Настанот е резултат на заедничка одлука за идна соработка меѓу регионите каде работи ИМКА, која е направена на Балканот Лидерски тренинг 5 во Охрид во 2009 година. Регионалниот програмски саем беше дизајниран како размена на најдобрите искуства во рамките на ИМКА програмата за здрав животен стил. Околу 300 учесници од 20 земји учествуваа во Регионалниот програмски саем.
Целиот текст го има во НотифаИ 35.
Ова видео е направено со фотографии и кратки интервјуа со некои од учесниците од Кампот за Млади Лидери. Кампот беше организиран од Мировниот Корпус Македонија, ИМКА од Западна Кент - Англија и ИМКА Битола и се одржа во планинарскиот клуб "Тајмиште" во јули 2011 година. Ова беше трет камп организиран во Македонија, посветен пред се на лидерските вештини и личен развој.
Целиот текст го има во НотифаИ 35.
„Љуби за да Живееш“ Фестивалот ќе обезбеди единствена можност за 10.000 млади луѓе од цела Европа и светот да се здружат за да го прослават животот, прославуваат културите, разновидноста и слават се она што ги инспирира да бидат млади во Европа и пошироко во светот. Повеќе на: www.yefestival.com
Тоа е одбележување на посветеноста на милиони луѓе во Европа кои работат во нивните заедници за време на нивното слободно време без да бидат платени - на пример, во училишта, болници и спортски клубови, заштита на животната средина, обезбедување на социјални услуги и помагање на луѓето во другите земји. Нивните напори и оние на многу илјадници на волонтерски организации прават голема разлика во нашите животи во безброј начини. Светот би бил многу полош без волонтери! На EYV е исто така предизвик за три-четвртини од европската популација, кои не волонтираат. Ние би сакале да им кажеме нив дека тие исто така можат да направат разлика. Повеќе на: http://europa.eu/volunteering
На 12ти Март во Битола се одржа Третиот Паркур Собир. Настанот се одржа на рушевините на стариот ресторан на Тумбе кафе. Настанот беше организиран од ИМКА Битола и Тугедер Македонија, поддржан од Буре пица бар. Учесници: Urban Movement, Beyond Parkour Скопје, Urban Street Climbers, New Generation Parkour, Try2Fly, Благоја Стефановски и неколку други неспоменати овде кои овозможија настанот да се реализира. Благодарности до сите!
Ова видео претставува монтажа од неколку настапи на жонглерите на Ацид Трипл на младинскиte фестивали во Македонија во текот изминативе неколку лета.
Секоја година млади луѓе од целиот свет одат во С.А.Д. да се приклучат на некој од летните кампови и стекнат непроценливо искуство, искуство кое се памети за цел живот!
Младите во Македонија имаат можност исто така да учествуваат во првата програма за кампови финансиrана од Американската Влада почната од 1959та која опфаќа 800 кампови распоредени низ С.А.Д.
За повеќе информации одете во делот активности.
Едно прекрасно неделно утро на планинарење за Неолица во друштво со Роки Балбоа :)
Во периодот од 14-25 Август 2010та се одржа 7миот по ред ИМКА Балкански Камп кој за прв пат се организира во кампот на ИМКА Солун сместен во близина на гратчето Свети Никола во Халкидики, Грција. Покрај домаќинот Грција, на во овој камп беа вклучени учесници од други држави од другите Балкански ИМКА организации. Супер искуство!
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
Целиот текст го има во НотифаИ 31.
Почетоците на ИМКА Битола се поврзани токму со оваа програма за здрав животен стил. После извесен период фокусирање исклучиво на полето на култура и уметност, од средината на 2009та започнавме со обновување на оваа програма преку организирање на: планинарски и велосипедски екскурзии, турнири во пинг понг, промоција на здравите животни навики и сл.
Видеото е само еден краток осврт кон дел од активностите на оваа програма.
Стиховно Војување - Дива Лига
Видеото е направено од Дрим Каст продукција од Битола, со поддршка на И-Филм.
ИМКА Битола дава поддршка преку програмата за поддршка на млади таленти и уметници.
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
ИМКА Битола дава поддршка преку програмата за поддршка на млади таленти и уметници.
Видеото е направено од Дрим Каст продукција од Битола, со поддршка на И-Филм.
ИМКА Битола дава поддршка преку програмата за поддршка на млади таленти и уметници.
Видеото е направено од Дрим Каст продукција од Битола, со поддршка на И-Филм.
ИМКА Битола дава поддршка преку програмата за поддршка на млади таленти и уметници.
„Кралот е жив“ е краток документарен филм за феноменот на персонализација на „Елвис“ како што се појавува во Битола, град во кој рокабили културата има мал број на поддржувачи.
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
ИМКА Битола дава поддршка преку програмата за поддршка на млади таленти и уметници.
Ова е официјалната песна Фестивалот на ИМКА Европа во Прага 2008 која беше организиран под мотото "Вистинскиот Живот".
Следејќи го успехот на претходниот голем фестивал на ИМКА Европа во Прага во 2003 година, во август 2008 година, исто така во Прага се случи уште еден голем фестивал. Мотото на фестивалот беше "Вистински Живот". Многу активности, работилници, обуки, концерти, перформанси, итн. се случија.
ИМКА Македонија беше таму и го носи ова видео како спомен кое е направено од страна на И-Филм на ИМКА Битола.
Видеото е извадок од локалните вести на ТВ Тера ид Битола, претставувајќи ја работата на муралот направен непосредно до ракометното игралиште.
Муралот е направен од професионалци поддржани од И-Стрип.
Целиот текст го има во НотифаИ 28.
Како и секоја година,така и во 2009та во периодот 11-22 Август во Нимфео, Грција се одржа шестото издание на Балканскиот камп кое воедно беше и едно од највозбудливите. На него учествуваа младинци од ИМКА од повеќе држави на Балканот, како и од Шпанија. Придобивките од кампот се многубројни: нови искуства и знаења, креативност и имагинација, комуникациски способности, справување со конфликти, практични вежби и најважното - нови пријателства, дружење и забава.
Целиот текст го има во НотифаИ 27.
Петтиот Балкански камп во Нимфео,Грција во 2008ма се одржа во периодот од 10-21 Август. Оваа година учесниците за прв пат беа во проширен состав при што покрај Балканските држави на кампот имаше учесници од Малта и Шпанија. Покрај учесници, ИМКА Битола на кампот секоја година праќа и водач на групата и тренери во интернационалниот тим на кампот...За прв пат оваа година во беше одржан и Балкански Маратон со должина од околу 5км...
Целиот текст го има во НотифаИ 23.
Во Мај, 2008ма во Баја Маре, Романија се одржа младинска размена на која учествуваа младинци од повеќе држави од Европа и каде имаше богат и интересен културен спој. На овој настан помеѓу другите активности, волонтерската песна доживеа и своја хорска изведба која не е за потценување!
Целиот текст го има во НотифаИ 22.
Ова е промотивно видео за И-Филм кое се користеше до пред извесно време.
Истото е монтажа од неколку видеа изработени од И-Филм.
Во 1955 год. Светската Алијанса на ИМКА го прослави својот 100 годишен јубилеј.
Филмот е направен после прославата на јубилејот на ИМКА во Париз 1955 година. На прославата учествуваа повеќе од 8.000 делегати.
ИМКА од С.А.Д. во текот на 2010 се ребрендира и ја лансира својата нова кампања за ИМКА.
Погледнете го видеото за да ја сватите суштината на брендот на ИМКА.
Видеото е на англиски јазик без превод.
Оваа кампања на ИМКА беше изработена од TBWA од Ванкувер да ги поттикне луѓето да излезат надвор и повеќе да се активираат.
Кампањата освои „Best of Show“ на Лотус наградите во 2010.
Музика од Аполо студио.
Видеото е на англиски јазик без превод.
Што научив на синерџи тренинзите?
„Да создадеме свет кој ќе биде по мера за сите воден од љубов, грижа и соработка“.
Промотивно видео на Интернационалната Синерџи Група.
Видеото е на англиски јазик без превод.
Програмата „Млади во Акција“ е програма на ЕУ за сите млади луѓе. Програмата цели кон мобилизирање на потенцијалот на младите од Европа и поттикнување на нивниот активизам, солидарност и толеранција преку поддршка на многу типови на младински проекти и активности. Крајната цел е да се понуди на се поголем број на млади луѓе да се вклучат во високо квалитетни искуства од областа на неформалното образование.
„Млади во Акција“ е и за тебе: Вклучи се!
Видеото е на англиски јазик без превод.
Ова е кратко видео во кое се дискутира за прашањето на демократијата. Видеото е направено за натпреварот за демократија за тоа како луѓето ја разбираат.
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
Во 2008ма се одржа „Претставата против дискриминацијата“ која беше изведена од 40тина млади луѓе од неколку европски земји и од Македонија. Главна цел на претставата беше подигање на јавната свест во градот околу проблемот на дискриминација од секаков тип. Претставата помина одлично иако никој од учесниците немаше актерско или било какво театарско искуство до тогаш. Младинската размена во рамки на која се одржа претставата беше во организација на Тугедер Македонија, а И-Филм беше задолжен за документирање на настанот и изработка на ДВД издание кое се употребува како алатка за едукација во наредните проекти на тема дискриминација.
Видеото е на англиски јазик без превод.
Целиот текст го има во НотифаИ 22.
Ова е кратка видео презентација од младинска размена која се одржа во Битола.
Видеото беше направено од учесниците на настанот со поддршка и учество на И-Филм.
Ова е кратко видео за Американското Катче во Битола направено за прославата при обележувањето на нивната 5 годишнина. Тука можете да најдете за нивната работа во минатото од основањето до 5 годишнината.
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
Видеото е на англиски јазик без превод.
Ова е варијација на видео презентацијата на активностите на Форумот на граѓански организации од Битола каде околу 30 организации се презентираа пред пошироката публика и дискутираа за улогата на НВО секторот последните години во Македонија и Битола. Сепак, во фокусот на видеото е главниот настан и дебата која се одржа за денот на волонтерите.
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
Целиот текст го има во НотифаИ 20.
Ова видео е презентација на активностите на Форумот на граѓански организации од Битола. Сесиите беа одржани во Битолската Библиотека и Општината. Присутни беа околу 30 организации кои се презентираа пред пошироката публика и дискутираа за улогата на НВО секторот последните години во Македонија и Битола.
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
Целиот текст го има во НотифаИ 20.
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
ИМКА Битола дава поддршка преку програмата за поддршка на млади таленти и уметници.
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
ИМКА Битола дава поддршка преку програмата за поддршка на млади таленти и уметници.
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
ИМКА Битола дава поддршка преку програмата за поддршка на млади таленти и уметници.
Ново издание на Балканскиот камп!
1500 метри надморска висина, учесници од неколку балкански држави, работа во тимови од младински лидери од Балканот, нови знаења за програмите за поттикнување на европски младинкси проекти, 12 км прошетка низ планина со спиење на отворено, авантура и забава и посета на други невообичаени места надвор од кампот во Нимфео како што беа: знаменитостите на Нимфео, други локални места во околината, Арктурос центарот за заштита и одгледување на мечки, потоа посета на гробниците на старите Македонски кралеви Филип II и Александар IV, посета на Солун и активностите на ИМКА во нивниот центар.
Целиот текст го има во НотифаИ 19.
Ова е краток трејлер за филмот Балкански камп 2007 кој послужи како промоција на филмот непосредно пред неговото појавување во јавност.
Овај тренинг беше замислен како настан кој ќе понуди активности кои што би делувале инспиративно на учесниците кои по овај настан внатре во нивните организации можат да иницираат креативни освежувања во нивните активности.
Целиот текст го има во НотифаИ 19.
Песната која во фокусот го има волонтерството има мотивациски карактер и е резултат на волонтерски труд на група од неколку луѓе кои трагаа по малку забава. Направена во Јануари 2007ма. Снимана е со аматерска опрема, инструменти и видео опрема. Видео материјалите кои се користени се од дел од активностите во ИМКА Битола од 2006та.
Целиот текст го има во НотифаИ 17.
Ова видео беше направено за промотивни цели на големиот ИМКА фестивал кој се случи во 2008ма. Следени од успехот на фестивалот во 2003та, ИМКА Европа организира уште еден таков во убавата Прага. Фестивалот беше организиран во истиот период во Август 2008ма на одлична локација во Прага, Чешката Република. Фестивалот обедини околу 7 500 членови на ИМКА, претежно млади луѓе од сите континенти. Одличен фестивал. Мотото на фестивалот беше „Вистински Живот“. Волонтери од ИМКА Македонија беа дел од тој настан.
Видеото е на англиски јазик без превод.
Целиот текст го има во НотифаИ 23.
Во август 2003 година се случи голем настан прославувајќи ја 30-годишнината од ИМКА Европа. За таа прилика во август во Прага, Република Чешка беше организиран еднонеделен фестивал вклучувајќи речиси 8.000 ИМКА членови најчесто од Европа, но и гости од други делови на светот.
Мотото на фестивалот е "Инспириран да служиш". Волонтерите од ИМКА Македонија беа исто така дел од тој настан за прв пат.
„...Несомнено е дека во планините концентрацијата на планетарната енергија е најгуста, така што освен чиста катарза ова патување ни овозможи комплетно енергетско напојување и духовна регенерација. Чудо е каква добивка има човекот кога е во баланс со природата...“
Целиот текст го има во НотифаИ 15.
Ова е видео презентација на летните програми и активности на ИМКА Италија и можностите и капацитетите кои ги нудат на луѓето. Од седиштето во Рим, преку камповите во Рочела Јоника, до плажите на море и спортските терени на југот, можете да ги видете можностите кои ИМКА ги нуди во ова видео.
Видеото е направено со поддршка на И-Филм.
Ви го претставуваме кампот на ИМКА Солун во Нимфео! Секое лето овој камп го посетуваат многу кампери распределени во неколку смени. Во 2002ра на покана од ИМКА Грција и во заедничка иницијатива на ИМКА Македонија и ИМКА Грција се реализира младинскиот камп во Нимфео. Кампот функционираше во типчен камперски стил преполн со авантури, дружење, забава, интересни активности и нормално камперски оган. Од 2002ра па наваму соработката продолжи и кампот продолжи да се организира со проширен состав на учесници од сите држави на Балканот каде ИМКА работи.
Во 2006та благодарение на И-Филм успеавме да ја документираме оваа авантура. Уживајте во шоуто!
Ова видео претставува монтажа од неколку настапи на жонглерите на Ацид Трипл на неколку младински фестивали во Македонија во текот на летото 2005.
Уживајте во спектаклот!
Во шесте дена од Балканскиот Програмски Фестивал во 2005 во Охрид, парчињата од мозаикот се составија. Учесниците од Балканските ИМКА асоцијациии други гости, претставнициод Американските и Европските ИМКА, работеа заедно во насока на подобрување на сликата на мозаикот на Балканот.
11 работилници, 10 фокус групи, 6 спортови и 138 учесници беа четирите носечки столбови на Фестивалот.
Видеото е на англиски јазик без превод.
Целиот текст го има во НотифаИ 11.
„Скоро Нереално“ се работеше речиси 2 месеца. Во тој период за време на снимањето и работата на проектот се случија многу згоди и незгоди на кои по успешно завршената работа ни преостана само да се насмееме.
Уживајте во шоуто!
„Скоро Нереално“ е првиот експериментален проект реализиран во летото 2005та на неколку талентирани артисти од ИМКА Битола кои подоцна ја формираа И-Филм. Филмот презентира аспекти од секојдневниот живот на еден метафоричен начин.
Кој знае, можеби и вие ќе се пронајдете себе си и вашите пријатели во некоја од „ситуациите“ во филмот!
Ова е видео разгледница од Битола и убавите нешта кои Битола ги нуди. Ова видео е како резултат од проектот за промоција на културните и туристички ресурси на Лерин (Грција) и Битола, поддржано од ЕУ и имплементирано од Општина Битола.
Ова е видео туристички водич прикажувајќи ја Битола со нејзините најпопуларни места и обележја.
Го препорачуваме на сите оние кои за прв пат доаѓаат во Битола.
Идеа и реализација: Туристички инфо центар од Битола со поддршка од Општина Битола.
Видеото е на англиски јазик без превод.
Ова е кратко видео направено за потребите на Општинската кампања за промоција на Битола и нејзиното окружување како интересна локација за снимање на филмови. Во ова видео исто така можете да погледнете кои филмови се снимани во Битола или нејзина близина.
Продуцирано од: Кино око 2007. Поддржано од Градоначалникот, Општина Битола и УСАИД.
Видеото е на англиски јазик без превод.


