Почетна Пошта Мапа на сајтот Линкови Конакт
Aa?a?:
  www www.ymcabitola.org.mk
  Eieaoe?a:  
 


Добредојдовте на официјалната веб страна на ИМКА Битола, Македонија

 
 

Новиот број на „NotifY“ е издаден, а во него
NotifY 23

 

 

 

можете да прочитате:



- Малку за Духовноста
- Состанок На „Светската Урбана Мрежа“ во ЊуЈорк
- ИМКА - Прага 2008
- Балкански Камп Нимфео 2008
- Ова Лето ACID Triple Со 8 Настапи Растури!
- „Биди Дел Од Тоа“ - Романија
- Евалуациона Програма на HorYzon на Балканот
- И-Филм Се Надоградува И Усовршува
- Филтер Југославија
- И - Стрип
- Подај Рака

.:: Спушти го NotifY 23! (3,42 MB .PDF) ::. .:: Читај onlinе НОВО!::.



Годишен Извештај 2006

Годишен Извештај на ИМКА Битола за 2007

Читајќи го истиот ќе имате можност низ текст и слика да се запознаете со нашите активности во текот на 2007, да видите за нашиот пат за следниов период и да прочитате некоја идеа која би била применлива и за вашата организација.
Многу е направено, но и многу ни претстои за работа!

 


.::
Прочитајте повеќе ::.


Годишен Извештај 2006

Годишен Извештај на ИМКА Битола за 2006

Ние веруваме дека ќе го најдете овој Годишен Извештај пријатен за читање, но исто така веруваме дека ќе ви ја разбуди креативната енергија и ќе внесе дополнителна енергија и ентузијазам во ВАС за да продолжиме на нашиот пат - служејќи и на заедницата, промовирајќи и застанувајќи за правилните и вистинските вредности.

 


.::
Прочитајте повеќе ::.


И-Филм Видеа - YTV Канал на YouTube

ИМКА Битола Камп Бр.1

4ти Балкан Синерџи Камп, Август 2007, Нимфео - Грција
United States of Balkan!

Ова беше главната причина за која се собраа млади луѓе од целиот Балкан, за да поминат 10 дена заедно во убавиот камп во Нимфео.

Кампот собра млади луѓе од Грција, Македонија, Албанија, Косово, Бугарија и Романија. Погледнете го видеото за да се уверите дека луѓето од Балканот можат да живета и работат заедно.

.:: Погледни ::.


ИМКА Битола Камп Бр.1

ИМКА Битола Камп Бр.1

Филм за првиот самостоен камп на ИМКА Битола кој се одржа на „Баба“ планина или како што е популарно наречена „Пелистер“ по највисокиот врв.Мисија: Самиот врв на височина од 2635 метри над нивото на морето. На кампот зедоа учество членови на ИМКА Битола како и на ИМКА Скопје но и ентузиасти и љубители на природата. Уживајте во прекрасните глетки!

.:: Погледни Дел 1 ::.      .:: Погледни Дел 2 ::.


ACID Triple Лого

Перформансите на ACID Triple во 2005

Одлична компилација од настапите на Acid Triple низ Македонија направени во 2005 година. Овој филм е само почеток и за брзо време очекувајте нешто ново. Уживајте во ОГНОТ и не го пробувајте ова дома!

.:: Погледни ::.    


Балкански Мозаици 2005

Балкански Мозаици
Ова е филм направен од страна на Филмската секција при ИМКА Битола во 2005 за фестивалот Балкански Мозаици кој се одржуваше во Охрид, Македонија. Според нас СЕГА е вистинскиот момент да се промовира овој филм на пошироката јавност, спроти престојниот настан во Охрид. Значи ова е филм за сите оние кои беа во Охрид во 2005 но и за сите оние кои годинава ќе дојдат во Охрид од 26-31 Август. Со филмот сакаме да Ве направиме нестрпливи да дојдете, како и да освежиме некои од можеби заборавените спомени од добрите времиња!

УЖИВАЈТЕ!!!

.:: Погледни Дел 1 ::.      .:: Погледни Дел 2 ::.


Y Volunteer

Динамичка верзија на нашиот Годишен Извештај. Погледнете го последниот производ на Y-Movie и музичката секција на ИМКА Битола. Уживајте!!!

 

.:: Погледни ::.



ИМКА Квиз

Дали мислиш дека знаеш доволно за ИМКА?

Доколку не, обиди се низ овој интерактивен квиз да дознаеш нешто повеќе, а доколку мислиш дека знаеш, тогаш ова е вистинското место да си го провериш сопственото знаење. Уживај во квизот!

.:: Играј ::.



Преземања


 

 



 
.:: Последна обнова 25.10.2008 ::.

Staff Only

ИМКА ИД :   
Лозинка :  


Работни денови
Четврток - Петок - Сабота
19:00 - 21:00


Секој Четврток - Состанок на членовите!

Почеток: 20:00 часот.
Место: Во просториите на ИМКА Битола.

Тема: Дискусија, координација и донесување одлуки по разни актуелни теми за конкретни идеи, активности и проекти во ИМКА Битола.


Моментално има 4 online посетители на www.ymcabitola.org.mk

Досега сме имале
посети на страницата


    Copyright © YMCA Bitola 2002-2009