РЕГИОНАЛЕН ПРОГРАМСКИ САЕМ, КИЕВ, УКРАИНА 2-7 АВГУСТ 2011
БАЛКАНСКИ КАМП 2011 ИЗДАНИЕ #8
АЦИД ТРИПЛ СО НЕКОЛКУ ЛЕТНИ НАСТАПИ
ЕВС - ЖИВОТНО ИСКУСТВО ШТО НЕ СМЕЕТЕ ДА ГО ПРОПУШТИТЕ
20 ГОДИНИ ИМКА ГАБРОВО!
И-ФИЛМ РАБОТИ НА НОВИНИ
ГРАЃАНСКИ ДИЈАЛОГ ЗА СИТЕ
ШТО СЛЕДУВА...
И-СТРИП
ЕДЕН ДЕН ВО БИТОЛА
Отворени часови
Канцеларијата е отворена од Понеделник до Петок 10.30-14.30 часот.
Отворени саати за зачленување, информации за тековни активности се на редовните средби секој Четврток 19.30-21.00 часот.
Консултација и асистенција за ЕВС и ИЦЦП програмите секој Вторник 11.00-13.00 часот и Четврток 16.30-18.30 часот или он-лајн на скајп: ymca.bitola
Летни кампови во Америка!
Следнава недела со нова информативна сесија во ИМКА Битола! Следете не за точниот термин!
За информации посетете не лично во отворените саати истакнати погоре или пак он-лајн на скајп на ymca.bitola.
Следете не и на фан страната на Фејсбук.
Актуелни тренинг обуки!
Напуштете ја дневната монотонија и не останувајте пасивни! Активирајте се! Ние ви нудиме можности за учење, патување, волонтирање и откривање на нови хоризонти! Искористете ги овие можности кои се пред вас, учете, градете го личното резиме, стекнете искуство, растете како личност, преземете си ја иднината во вашите раце!
Во прилог следуваат голем број на отворени конкурси за аплицирање на тренинг обуки кои сметаме дека нудат одредени можности и дека ќе ви бидат од корист доколку ги посетите.
Југоисточна Европа и ЕУ - Програма за развивање на лидери
Иднината на Југоисточна Европа зависи од насочена и постојана акција кон развивање на граѓански структури и интеграција на регионот во Евроатланските политички, економски и безбедносни структури.
30 млади луѓе од Југоисточна Европа ја имаат оваа одлична можност за да се стекнат со непроцелниво искуство! Бидете еден од нив и аплицирајте!
Повеќе детали и аплицирање овде.
Волонтирај ЕВС во Европа!
Волонтирајте во некоја од Европските земји во 2011. Со ЕВС сега имате шанса да ја видите Европа како никогаш досега! Користете ги Вашите шанси!
Немаш CV или мотивационо писмо? Пополни го следниот формулар и аплицирај веднаш!
Моментална понуда на слободни ЕВС позиции. Понудата неделно се обновува со нови информации.
Волонтирај во ИМКА Битола
Моментални отворени позиции за волонтери во ИМКА Битола се:
- Графички дизајнер на материјалите кои ИМКА Битола ги издава (информатор, годишен извештај и др.материјали, постери, стрипови и сл.)
- Видео едитор - снимање и монтирање на видеа
- Преведувач англиско/македонски и обратно
- Истражувач на тема расположливите ресурси достапни за граѓанскиот сектор во Македонија
НАПОМЕНА: Не очекуваме професионализам, туку ентузијазам и добра волја!
Фестивал на ИМКА во Прага 2013
„Љуби за да Живееш“ Фестивалот ќе обезбеди единствена можност за 10.000 млади луѓе од цела Европа и светот да се здружат за да го прослават животот, прославуваат културите, разновидноста и слават се она што ги инспирира да бидат млади во Европа и пошироко во светот. Погледнете го видеото и повеќе инфо на: www.yefestival.com
Посета во Битола
Доколку прв пат доаѓате во Битола погледнете ги трите видеа за Битола кои се наоѓаат најдолу во менито мултимедиа / видеа.


