Активности
Волонтерски Сервис
Волонтирајте и вклучете се во некоја од активностите на ИМКА Битола! Научете нешто ново и направете нешто корисно! ИМКА Битола исто така ви нуди и можност за незаборавен интернационален волонтерски ангажамани во Европа и САД!
Тоа можете да го остарите преку програмата ЕВС во некоја од Европските држави! Државата и проектот самите си ги избирате, а трошоците се покриени! Погледнете ја моменталната понуда на слободни места.
Доколку пак сакате да одите на камп, работите со деца, усовршите англискиот јазик и имате прекрасно лето, тогаш ви ја препорачуваме ICCP програмата во САД Погледнете го промотивното видео за оваа програма.
И-Филм
И-Филм е програма на терен, снимајќи ги и документирајќи ја работата на сите ИМКА Битола програми и поголеми настани. Исто така оваа програма работи и на други на младински иницијативи изразувајќи ги преку конкретни филмови во реализација на тимот на И-Филм. И-Филм е на располагање на сите млади луѓе, други ИМКА асоцијации, Здруженија на Граѓани и секој друг кој сака да го доведе визуелниот израз на сопствените настани на повисоко ниво. Контактирајте нè!
И-Стрип
Тоа е програма во која креативниот уметнички израз кулминира. Се работи по различни теми кои се интересни и привлечни за младите. И-Стрип во својот фокус го има креативниот израз кој го практикува преку работа на фанзин кој покрај развивањето на креативноста на младите има и едукативна димензија, организирање на изложби, како и визуелно изразување на разни настани во вид на стрип уметност. Доколку имате настан кој сакате да го видите во вид на стрип контактирајте нè.
Перформанси со оган
Тоа е група на млади луѓе кои жонглираат со оган, свила и светлечки елементи. Под името Ацид Трипл овие млади ентузијасти на ИМКА Битола работат и настапуваат на разни младински фестивали, пред сè за време на летото. Доколку сакате да ги видите на вашиот настан контактирајте нè!
Здрав Животен Стил
ИМКА Битола води грижа за нашите млади луѓе. Тоа го правиме преку организирање на натпревари во пинг понг од ревијален карактер, велосипедски екскурзии, планинарење и сл. со цел рекреација и дружење.
И-Тренинг
Низ разни видови на обуки во ИМКА Битола, во земјава и странство, им овозможуваме на нашите членови да се стекнат со потребни знаења и вештини за нивна лична надградба како и нивно поактивно вклучување во нашите активности. Најчестите активности во ова поле се во рамки на програмата „Млади во Акција“. Исто така преку нашата Е-Библиотека им нудиме книги, стручни материјали и брошури за работата граѓанскиот сектор.
Погледнете ја последната понуда на отворени конкурси за обуки.
Кампови, Фестивали
Секоја година нашите членови земаат учество на младински размени, фестивали, кампови (исполнети со учење, забава, дружење, размена на искуства и сл.) во организација на ИМКА Битола или на некои од нашите партнерски организации. Ве очекуваме на некои од нив! Контактирајте не!
НотифаИ
Целта на НотифаИ е промовирање на граѓански и младински активизам, младинско учество, волонтерство и други општествено корисни облици на дејствување преку споделување на сите поинтересни активности кои се случуваат во ИМКА Битола или пак во кои членови на ИМКА Битола зеле учество.
НотифаИ излегува на секои три месеци почнувајќи од 2003та, а се подготвува од тим на волонтери на ИМКА Битола. Се дистрибуира бесплатно по електронски пат преку е-маил. Секој кој сака да добива НотифаИ нека оди во делот „НотифаИ и за мене!“ и нека се логира или пак повремено да ја проверува нашата НотифаИ архива. НотифаИ е наменет за нашите членови, партнери и соработници, како и за сите други кои сакаат да се активираат во општествениот живот.


